Јакимовски: СЈО е коалициски партнер на СДСМ, зошто Заев не е во притвор?

Специјалното јавно обвинителство се претвори во 15-ти коалиционен партнер на СДСМ и прави политичка хајка на оние кои не се од СДСМ. Тие очигледно не ја расчистуваат вистината, туку прават политички прогон што е апсолутно недозволиво.

Ова го истакна градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во вестите на Канал 5 телевизија.

Македонија станува едно правно елдорадо каде правиот станува крив, а кривиот си останува прав  благодарение на политичка хајка против одредена политичка групација,. Ние како ГРОМ тоа го осудуваме, сметаме дека законот треба за сите да биде ист, за никого не треба да има отстапки или помилувања, без разлика дали е тој власт или е опозиција. Јас само сакам да прашам: Колку пати Зоран Заев во текот на 365 дена може да го повтори кривичното дело поткуп? И како е можно тој да не е притворен, а да се бара куќен притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талевски? Мене не ми е јасно како тоа Талевски со уште 21 човек, значи 22 лица седнале на маса и се договориле да прават криминал односно да ја оштетуваат општината што јасно покажува уште од самиот старт дека овде имаме една опасна политичка манипулација со далекусежни последици врз правниот систем на Република Македонија, рече Јакимовски.

Целото гостување на Јакимовски во вестите на Канал 5, погледнете го во продолжение: