Јакимовски: Со шпиони никаде во светот не се преговара

Никаде во светот со шпиони не се преговара. А овде имаме клсична шпионска афера со кои се нанесува тешки последици врз службата за државна безбедност на Република Македонија.

Ова го истакна лидерот на ГРОМ и поранешен функционер на СДСМ, Ставче Јакимовски, во изјава за Канал 5.

-Сега вака да ви кажам. Телефонот е средство за работа на директорот за државна безбедност и контра разузнавање, тој има стотици илјади разговори. Од тие стотици илјади разговори сигурно имал 100 кои што не се однесуваат на работата на службата. Меѓутоа овие луѓе што денеска ги гледаме пред камерите што стојат и даваат снимени матријали пред јавноста, тие ги слушаат сите тие матријали кои што се однесуваат на безбедноста на државата.Имали таму разговори кои што се од највисок ранг безбедност на оваа држава, државни тајни за кои  што се разговара итн. Кој тебе во светот тоа ќе ти го дозволи ти да ги имаш разговорите на директорот на управата за безбедност и контраразузнавање, на премиерот кој што управува со највисоки државни тајни, и тоа да го следиш нормално, да го прислушкуваш, да го селектираш и да можеш да го пуштиш кога сакаш и каде сакаш. Нигде тоа во светот не е дозволено, рече Јакимовски.