сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 55

Јакимовски: Тоа не е „Шарена револуција“, туку „Увезена револуција“

Неодамнешните превирања на општествено-политичката сцена во Македонија, беа повод, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска во партиското седиште да одржи прес конференција.

Jakimovski-pres-GROM

Последни вести

Неодамнешните превирања на општествено-политичката сцена во Македонија, беа повод, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска во партиското седиште да одржи прес конференција.

Jас како претседател, заедно со членовите на ГРОМ, покрај тоа што се занимаваме со политика, сме и обични луѓе. Нам, во нашите програмски определби и на прво место ни се граѓанските и демократските права и слободи. Во изминативе две недели, гледаме протести низ улиците на Скопје и оние коишто протестираат тврдат дека ги застапуваат граѓанските организации од Македонија. Во старт сакаме да бидеме јасни, дека ние поддржуваме политички протести, и во демократски општества тие се секогаш добредојдени, како важен сегмент од слободата на изразувањето и како коректив на власта, истакна Јакимовски.

Првиот човек на ГРОМ, објасни дека протестите многу често се користат и за погрешно наведување, извртување на тези и за манипулирање со граѓаните.

Овие протести не се граѓански движења од спонтан излив, од незадоволни луѓе од оваа држава. На овие протести има сé и сешто, има и домашно незадоволство, но и увезени, фабрикувани и оркестрирани подбуцнувачи, „докажани на терен“, односно веќе афирмирани надвор од Mакедонија.

Во продолжение, Јакимовски ја посочи невладината „Сорос“ како главен извор на конфликтност која го разјадува македонското граѓанско ткиво.

Тоа не се работи за џабе, туку за пари, уплатени однадвор, преку невладините организации кои се добро познати на македонската јавност, за да се изврши увезена и нарачана дестабилизација. Погледнете го веб сајтот на фондацијата „Сорос“ и внатре ќе ја видите листата на невладини организации коишто тој ги финансира и истите овие организации не негираат,  туку тврдат дека се организатори на протсетите и се гордеат со тоа, додаде Стевчо Јакимовски.

Според него, обичните  граѓани на Македонија се запрашуваат, колку има  во овие протести вистинско незадоволство од власта, а колку увезено и платено нездоволство, на луѓе на кои буквално ништо не им фали во државава.

Граѓаните на Македонија како и секогаш се трезвени и сакаат оваа режија да заврши, а пак режисерите и нивните финансиски „чадори“ сакаат што подолго да трае овој конфликт, за подолго време да земаат пари. Очигледно, за нив овде Македонија е само обичен бизнис, а нам како што велеше покојниот претседател Глигоров: „Македонија е се што имаме!“

Лидерот на ГРОМ, изрази сомнеж дека нарачателите  на анти-владините протести плаќаат пари на професионалци, каква што е организацијата „КАНВАС“, со цел да режираат увезена револуција, која самата во себе не содржи никаква граѓанска автентичност.

Оваа организација, со тек на време, каузата ја претворија во бизнис и своите вештини во недемократското уривање  на владите веќе го продаваат за пари. Тоа всушност и  не е некоја тајна, бидејќи нивните тактики се документирани во нивните книги и упатства. Ќе издвоиме  четири книги: КАНВАС кор курикулум: „Водич за ефективна ненасилна борба“. „Водич за протести“, а има уште неколку книги од истите автори како на пример „Како да возвртите на притисокот„ или „Правилата на радикалите“ од Саул Алински,  преведена со средства од Сорос фондацијата на Македонија. Секој може да ги прочита овие книги и  да види како стриктно според нив се изведуваат протестите, образложи Стевчо Јакимовски.

На денешната прес конференција, Јакимовски  ги стави на увид пред јавноста документите кои овие странски водачи и професионалци ги користат луѓето во Македонија за да протестираат.

Тие работат по план и книга и ништо не е спонтано, туку се е однапред испланирано што би рекле, режирано. Уште еднаш сакаме да појасниме дека ние не се противиме на протестите. Граѓаните треба да го дигнат својот глас, тој треба да се слуша и истите да ги бранат своите права и слободи. Но, ние сме против „увезените револуции“ во кои „КАНВАС“ и компанија ќе заработат пари, а ние ќе даваме недолжни жртви. Зашто и самите видовте дека и посакуваат на полицијата „да и се повтори Куманово“. Затоа сакаме да ги корегираме. Тие имаат печатна грешка во слоганот „Шарена револуција“, поточно таа е „Увезена револуција“, беше дециден лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Најчитани вести