среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 11

Јакимовски: Училиштата и градинките од понеделник ќе останат без плати

За училиштата и градинките добиваме блок дотации и ги трансферираме до нив, тоа значи ќе нема пари за плата, за тековно инвестиционо одржување, електрична енергија, вода, комуналии итн, тој дел се блокира, изјави Јакимовски.

stevcho-jakimovski

Последни вести

Училиштата и градинките од понеделник ќе останат без плати, предупреди градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во однос на мандатот на градоначалниците што завршува в понеделник во гостувањето во Отворено студио на ТВ Нова.

„За училиштата и градинките добиваме блок дотации и ги трансферираме до нив, тоа значи ќе нема пари за плата, за тековно инвестиционо одржување, електрична енергија, вода, комуналии итн, тој дел се блокира“, изјави Јакимовски.

Јакимовски повторно го повтори својот став дека не смеат политичките партии да си ги мерат силите на грбот на локалната самоуправа.

Најчитани вести