Јакимовски: Заев нема кредибилитет за да му се верува на тоа што зборува

Неможе опозицијата кога сака да верува на институциите, кога сака да не верува и да вели дека не се гледа со Груевски, а испаѓа дека се гледа со Груевски, дека не го познава Верушевски, па го познава и купил компјутер, па дури и џипови требало да купи.

Ова во минатонеделното гостување во „24 Анализа“ на телевизијата 24 Вести го истакна претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Тој истакна дека Заев вели дека градежната дозвола на „Глобал“ е според сите законски прописи, за кој е и аболициран, а денес, како што рече Јакимовски, гледаме дека имаме легализација на неколку илјади квадрати од „Глобал“.

-Како можеме ние да зборуваме за една кредибилност на оној што ги соопштува овие информации. Ние од овој извор само оваа недела немаме некој гаф или порекнување на она што веќе се случило. Ние не можеме да видиме консеквентност на она што го зборува за да може да видиме политички кредибилитет за она што тој го соопштува, потенцираше Јакимовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.