Според Јакимовски, Заев со изјавата се откажал од Македонците, си пресудил и на себе и на опозицијата и извршил историски невидено велепредавство.
Цитирајќи ја изјавата на Заев „Не може да бидат сите лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија“ оцени дека не постои политичар од 1945 година досега кој кажал поопасна теза за македонскиот народ, јазик и култура.
Според Јакимовски, за да бидат најдобри Македонците, Заев пред тие што ни го оспоруваат јазикот, МПЦ и идентитетот, ќе кажел дека јазикот не е македонски, дека МПЦ треба да биде под јурисдикција на СПЦ и оти нема македонска нација.