Македонија

Јакимовски: Заев во континуитет долева масло на огнот со единствена цел: како најскоро да се добере до власта

Јакимовски: Заев во континуитет долева масло на огнот со единствена цел: како најскоро да се добере до власта

Благодарејќи на господинот Зоран Заев и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, државата Република Македонија веќе неколку месеци се држи во политичка агонија, на која не и се наѕира крајот. Наместо да се направи исчекор земјата да излезе од криза, Заев во континуитет, на насилен и дволичен начин долева масло на огнот со единствена цел: како најскоро да се добере до власта. Се разбира, на крајно компромитирачки, деструктивен и нелегитимен начин, газејќи ги сите демократски, политички и правни институции, со насилие и закани.

Ова го нагласи на денешната прес конференција лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, а по повод најновите политички збиднувања во земјата и засилените атаци на СДСМ врз ГРОМ.

– Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ го повикува лидерот на СДСМ и неговите „другарчиња“ кои сесрдно го поддржуваат во оваа општа деструкција и разнебитување на државата, да престанат со скандалозните серијали за „Вистината за Македонија“ зашто, сакал тој или не, вистината има и друга страна, која полека ја спознаваат сите разумни граѓани во земјата. Вистината не е Заев! Не ми е јасно како се промовира за голем демократ и љубител на вистината, а кога тој ќе се соочи со вистината, се претвора во разгневен волк кој се заканува на членството на Граѓанската опција за Македонија. Неговите блиски фирми се закануваат со откази на членови на ГРОМ вршат притисок врз блиски членови и роднини. Згора на тоа Зоран Заев му се заканува со кривична пријава на претседателот на општинската организација на ГРОМ-Струмица Сашо Милковски. Како тоа г-дине Заев мислите вие да барате мито, а ние кривично да одговараме, тоа ли е правниот систем кој што вие ни го нудите. Тоа ли е иднината што ја нудите на овие граѓани и вашиот нов концепт да се симне Мурто да дојде Курто? Да не случајно мислите дека членовите на ГРОМ  ќе ве подржуваат во вашите незаконски дејствија и вашиот налудничав поход да се прогласите себеси за премиер, а веројатно вашиот брат Вице, за гувернер на Народната Банка на Македонија, прача Јакимовски.

Ова му е нопходно, речелидерот на ГРОМ, откако во Струмица го исцица државното земјиште па сега му се потребни нови територии за да додаде уште некоја нула на богатството на кланот Заеви на нему својствен рекетарски начин.

– Очигледно не е на арно премногу „вистина“ за човек со мал демократски капацитет! Заев бара оставка на владата, и не само оставка, туку му требала и преодна влада, а тој не е подгвотвен да свика ниту една обична седница на Советот во неговата Струмица за да им ја објасни на граѓаните тактитката на неговотот земање на мито. Затоа г-дине Заев немој да очекуваш поддршка од членовите на ГРОМ,туку како што бараш, исто така должен да си сносиш одговорност, во Струмица пред својот Совет, пред СДСМ, и пред обвинителот. Она што Заев го нуди на Македонија како алтернатива се рекетарски шеми и освета, а не иднина.  ГРОМ уште еднаш му укажува на Заев дека државата се брани преку институциите на системот, а не преку скандали и насилни сценарија кои нему ќе му се вратат како бумеранг. Граѓаните на Македонија единствено сакаат стабилна, економски просперитетна и демократска власт во која првенствено ќе се слуша нивниот глас, а не на заблудена партиска врхушка, заврши Јакимовски.

Одговарајќи на новинарско прашање на Саше Ивановски од порталот „Мактел“ дали ГРОМ има став околу наводните „кринимали“ што ги објавува СДСМ , Јакимовски одговори  дека ГРОМ има став за секое битно прашање во државата.

–Нашиот став е јасен, рече лидерот на ГРОМ, а тој е: Никој не може да дојде на власт на нелегитимен начин, никој освен Обвинителот, Судот, во законски утврдена процедура, не може да врши прислушкување, селектирање на материјали и нив да ги злоупотребува. Ние можеме да ги коментираме сите тие работи, во една транспарентна судска постапка. Но, кога на СДСМ не му се битни легалните институции и правниот систем на државата, битна му е само содржина, тогаш треба да му е важно и она што е објавено во видео снимка за господинот Заев, каде детално ги објаснува своите криминални дејствија, на начин на кој, прво ги намалува приходите на Буџетот на Општина Струмица,а потоа се договара како сето тоа да биде во негова корист и во корист на неговиот брат.

На прашањето на истиот новинар, колку „ве платил“ овој режим за вака да говорите, првиот човек на ГРОМ му реплицираше дека тој како новинар ќе има поголем кредибилитет да прашува оној момент кога ќе му ги врати парите кои ги земал Ивановски од него божем на заем, а оттогаш поминале две години без да му ги врати.

-Јас сум човек кој не се плаќа со пари, туку со образ, а тие кои плаќаа со пари се изведени пред лицето на правдата. Јас мандатот сум го добил од граѓаните на Карпош, а тие многу добро знаат кој е посветен на работата и на проблемите кои тие ги имаат. Во овој момент во Република Македонија е битно кој е подготвен да се спротистави на обидите на лицата кои се подготвени да постават квислиншка, марионетска власт, а ГРОМ и јас лично не сме подготвени во тоа да им помогнеме, рече Јакимовски.