Јакне профитабилноста на банкарскиот систем, добивката поголема за 54,2%

Расте профитабилноста на банкарскиот систем. Во деветте месеци од оваа година остварена е добивка за 54,2% поголема од истиот период лани. Во третиот квартал од 2015 година, продолжи солидниот раст на македонската економија, поддржан од кредитната активност на банките, коишто во услови на здрава солвентна и ликвидносна позиција и зголемена профитабилност, ја поттикнуваа понудата на кредити, стои во последниот извештај на НБРМ, пишува Лидер.

Зголемената добивка се должи на намалените каматни расходи

Како што соопшти Народната банка, причина за зголемената добивка се намалените каматни расходи што условија раст на нето каматниот приход, како и растот на другите редовни приходи. Показателите за профитабилноста се подобрени, а зголемена е и оперативната способност на банките за создавање приходи коишто ги покриваат расходите од нивното работење.

Во споредба со септември 2014-та година, бројот на банките коишто остварија добивка е зголемен од девет на десет, а нивното учество во вкупната актива на банкарскиот систем од 68,6% се искачи на 90,7%.

Вообичаено, носители на позитивниот финансиски резултат се поголемите банки, кај кои се концентрирани 86% од вкупниот финансиски резултат. Намалувањето на активните и пасивните каматни стапки продолжи и во првите девет месеци од 2015 година.

Во првите три квартали од годинава, вкупните приходи на банките пораснале за 1.632 милиона денари, или за 11,6%, во споредба со претходната година, достигнувајќи 15.723 милиони денари.

Јакне профитабилноста на банките, добивката поголема за 54,2%
Јакне профитабилноста на банките, добивката поголема за 54,2%

Нето приходите…