Јаковлевски: Кога би бил жив идеологот на ВМРО Богдановски, би се гордеел со политиката на Груевски и со целата партија

ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на старото ВМРО чија што идеологија е самостојна македонска држава и не случајно народот тоа го препозна и не случајно веќе 10 пати поред го дава гласот за ВМРО, истакна еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлевски за Алфа ТВ.

Би сакал прво да го спомнам Драган Богдановски, кој пред да се формира партијата најавуваше партија која треба да се формира во Македонија, демократска партија за македонско национално единство и во еден разговор ме праша дали верувам дека еден ден ќе имаме самостојна држава, јас му одговорив дека не верувам оти ќе имаме држава, а тој стана, ме изгушка и ми кажа дека ниту тој не верува дека ќе имаме самостојна држава, меѓутоа треба да го следиме континуитетот, идеологијата на ВМРО, да знаат луѓето еден ден дека немало вакум во движењето македонско. Никој не верувавме дека ќе имаме денеска самостојна држава, меѓутоа многу брзо за наша среќа се покажа дека не сме биле во право и еве денес имаме самостојна македонска држава, рече тој.

Потенцираше дека кога би бил жив Богдановски, идеологот на ВМРО, би се гордеел со политиката на Никола Груевски и воопшто со целата партија.

Од самиот почеток на формирањето на напшата партија ВМРО-ДПМНЕ , можеби не вакви, но сме имале слични проблеми со опозицијата, која што од 1990 година не покажа доблест дека треба да се работи за сопствената држава и не сфатија дека изборите се добиваат само со гласачи, односно со гласачко ливче. Они од 1990 година се нафрлија против партијата. Прво не напаѓаа дека ја формираме ВМРО-ДПМНЕ за да ја продадеме Македонија на Бугарија, еве 26 години поминаа уште не ја продадовме, ниту имаме намера да ја продадеме на Бугарија, Србија, ниту на Грција, сакаме да имаме со сите добри односи. ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на старото ВМРО чија што идеологија е самостојна македонска држава и не случајно народот тоа го препозна и не случајно веќе 10 пати поред го дава гласот за ВМРО, додаде Јаковлевски.