Јаковлевски: Кој го донесе Синадиновски во ВМРО-ДПМНЕ?

Љубчо Георгиевски треба да си се соочи со сопственото минато, сопствениот избор на кадри што го правел, и со сопствените убедувања кои постојано ги менува. И Господ да му го зачува умот да не заборави што правел и какви одлуки носел, за да не му се секогаш други виновни за сите негови одлуки и грешки, вели Мане Јаковлевски.

По објавувањето на соопштението на ВМРО-НП дека Бранислав Синадиновски „таканаречениот основач на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја напушти функцијата специјален советник на Али Ахмети, да ја превземе функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ и со актуелната функција претседател на Иницијативниот одбор за формирање на Албанска Православна Црква во Република Македонија, целосно да ги оствари барањата на православните Албанци во Република Македонија, Јаковлевски се огласи на социјалните мрежи.

Тој на својот Фејсбук профил напиша:

Screenshot_1 Screenshot_2

Во врска со соопштението на партијата на Љубчо Георгиевски ВМРО-НП, како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, би сакал да му поставам неколку прашања:

1. Како основач на партијата да ни одговори, кој го донесе Бранислав Синадиновски во ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на деведесетите, Љубчо Георгиевски или Никола Груевски, односно кој беше претседател на партијата тогаш и можеше да дозволи или спречи влез на функционери на високи позиции во партијата?

2. Кој на Бранислав Синадиновски му даде функции во партијата, Љубчо Георгиевски или Никола Груевски?

3. Чиј одговорен за меѓународни прашања беше Бранислав Синадиновски, на Љубчо Георгиевски или на Никола Груевски?

4. На чија промоција на книга за ВМРО-ДПМНЕ некаде во 1994та беше Љубчо Георгиевски, на која што патем речено беше и Никола Груевски во МОБ?

Gostivar-100_g._Ilinden

5. Кој го натера Љубчо Георгиевски да си го направи најблизок соработник Бранислав Синадиновски, Никола Груевски ли го натера?

6. Кој во тие години му организираше на Љубчо Георгиевски меѓународни контакти, Бранислав Синадиновски или Никола Груевски?

7. Во чие време Бранислав Синадиновски се најавуваше за иден министер за надворешни работи, во време на Љубчо Георгиевски или на Никола Груевски?

8. Кој го донесе Бранислав Синадиновски во 1993 година во Гостивар на прославата 100 години од основањето на ВМРО, Никола Груевски или Љубчо Георгиевски?

9. Кој му даде налог на Бранислав Синадиновски да ја напише златната книга на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски или Љубчо Георгиевски?

Дискутабилно е дали прашањата на Јаковлевски некогаш ќе бидат одговорени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.