Спорт

животен пад на олимпискиот шампион Јан Урлих уапсен оти претепал проститутка

Јан Урлих уапсен оти претепал проститутка

Поранешниот олимписки шампион и освојувач на Тур де Франс, велосипедот Јан Улрих (44) е уапсен откако претепал проститутка во хотел во Франкфурт.

Тој е во притвор, рече портпаролот на полицијата, додавајќи дека германскиот веосипедист бил под влијание на дрога и алкохол, пишува ББЦ.

Улрих беше уапсен и минатиот петок во Мајорка, Шпанија каде што, наводно, ја прескокнал оградата на својот сосед и му се заканувал. Велосипедистот се бранел дека само сакал да разговара со соседот.
Се покажа дека соседот всушност е германскиот актер и режисер, Тил Швајгер кој стана светски популарен по филмот “Inglourious Basterds” од Квентин Тарантино. Швајгер изјави за локалните медиуми дека нема да го тужи својот „поранешен добар пријател“, но полицијата му издаде забрана за доближување.

Последниот инцидент се случи во луксузен хотел. Полицијата објави дека Урлих прво се скарал со ескорт-дамата, а потоа физички ја нападнал и ја повредил.

Германските медиуми пишуваат дека адвокатот на Улрих не бил достапен за коментар.

Велосипедистот неодамна даде интервју за „Билд“ во кое признал дека е во „состојба на длабок очај“, бидејќи се развел од сопругата, како и дека одел на терапија за проблеми со дрога и алкохол.

Урлих победи на Тур де Франс во 1997 година. Тој е единствениот Германец кој ја освоил најпознатата светска трка, а исто така има и олимписко злато и сребро од 2000 година. Пред пет години призна дека корстел допинг, по што доби двегодишна забрана за натпреварување.