Јана со „Dance Alone“ ќе ја претстави Македонија на Евровизија (ВИДЕО)

„Dance Alone“ е насловот на Евровизиската песна со којашто Јана Бурческа ќе ја претстави Македонија на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизија коешто ќе се одржи во Киев, Украина од 9 до 13 мај.

Јана Бурческа настапува на 11 мај во првата половина на второто Евровизиско полуфинале.

Песната „Dance Alone“ е оригинално авторско дело на Хоаким Персон, Алекс Омар, Флоренс А. и Боби-Леон Миланов, сите дел од „Симфоникс интернешнл“ (SYMPHONIX INTERNATIONAL), реномиран музички бренд кој низ годините има остварено значајни евровизиски достигнувања, како и соработки со светски познати артисти, меѓу кои Кели Кларксон, Џон Леџенд, Кајли Миног, Лејди Гага, Мери Џеј Блајџ, Мајли Сајрус, Селена Гомез, Армин ван Бурен, Кончита Вурст и Џамироквај.

Видеоспотот за „Dance Alone“ е работен според оригинална идеја и режија на младиот и талентиран режисер од Русија, Сергеј Железко, којшто работи за „Бојана филм“ во Софија, кадешто и беше снимено видеото.

Погледнете го видеото за песната: