Јанакиеси во Турција обезбеди 100 дополнителни транспортни дозволи

Денес, во рамките на својата работна посета на Република Турција, Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, оствари билатерална средба со Министерот за транспорт, поморство и комуникации на Република Турција, Лутфи Елван.

На средбата, министерот Јанакиески го информираше својот турски колега за тековните проекти кои се реализираат за подобрување на инфраструктурата во Република Македонија.

Договорена беше размена на 100 дополнителни транспортни дозволи за 2014 година кои македонските превозници ќе можат да ги користат.

UDB_2394

Во рамките на посетата на Турција, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески оствари средба со компании од “Бизнис асоцијацијата на млади бизнисмени ТУГИАД”, од Турција, заинтересирани за инвестиции во Република Македонија. Се работи за компании од градежниот сектор, хотелиерството, енергетиката и рударството, автомобилската индустрија и железничкиот сектор.

6ba04c0525c4bdf2852cae9ffa19efc1761d153a3532e28df921ba8192884b06

Министерот Јанакиески пред присутните компании ги претстави инфраструктурните проекти во делот на патната и железничката инфраструктура, гасификацијата и туризмот што се реализираат во Република Македонија како и најавите за нови инвестиции во инфраструктурата.