Македонија

Јанакиески до Ордановски: Лицемерно е да стоите настрана и само да лажете

Јанакиески до Ордановски: Лицемерно е да стоите настрана и само да лажете

Е па господине Ордановски морам лично да Ви објаснам :

Мојата оставка ја поднесов во вторникот и тоа во моментот кога почуствував дека моето повлекување ќе го олесни политичкиот процес во државата. Оставката како што и неведов во нејзе ја поднесов како резултат на политичката состојба и обвинувањата со сите тие монтирани снимки што ги објави опозицијата. Лицемерно е да ги гледаш како сите тие намерно предизвикани протести против како што блиските медиуми до опозицијата ги нарекуваат кон полициска бруталност, а истите тие демонстранти маваат и ја напааѓаат полицијата и да не реагираш. Јас господине Ордановски реагирав, ја поднесов мојата оставка за да ги спречам тие опозициски протести насочени кон полицијата која ги жртвуваше животите и за вас и за мене и за сите граѓани на Македонија. Лицемерно е Ордановски да стоите настрана и само да лажете и сеете невистини.

Велите не сум одел на работа. Тоа не е точно. Вистината е дека од утре нема да одам на работа во Министерството за транспорт. Само ден пред мојата оставка поточно во понеделникот остварив неколку подолги состанци со педесетина инволвирани лица и институции кои се надлежни во изградбата на новите автопати. Ако сакате да проверите слободно можам да ви обезбедам контакти од сите нив, прашајте и потоа засрамете се од денешните лаги што ги изнесовте. Изминатат недела и таа претходно и таа претходно и 9 години наназад силно се вложив и бев посветен на мојата работа за да обезбедиме поквалитетн живот за македонските граѓани.

mileto

На самиот ден кога во Собранието Премиерот Груевски ја образложуваше мојата оставка, Јас се уште бев во мојот Кабинет и работев. Работев господине Ордановски се до последниот миг кога Собранието ја усвои мојата оставката. Работев се до последниот момент на одобрување на градежната дозвола за реконструкцијата на железничката станица во Прилеп.

Ова е вистината за мојата оставка, за мојата посветеност и мојот влог за идните генерации.

Фејсбук статус на Миле Јанакиески