Јанакиески и Георгиевски во контрола на работите на патoт Велес-Штип

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски, денеска ќе изврши увид на градежните активности на експресниот пат Велес-Штип до Кадрифаково.

Локацијата на која ќе се изврши увид е на 3,5 км од завршувањето на третата лента од Велес кон Штип.

Реконструкцијата со одредено проширување чини околу 15 милиони евра, а вкупно се опфатени 24 километри. Еден дел од патниот правец веќе е завршен.