Јанакиески и Ристески ги посетија критичните места во општина Прилеп

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и  градоначалникот Марјан Ристески ги посетија критичните места кои се зафатени од поплавите.

Министерот Јанакиески во својата изјава предупреди дека опасноста сè уште не е избегната бидејќи во текот на утрешниот ден се очекуваат нови врнежи од дожд и снег.  Јанакиески ги советуваше граѓаните, по повлекувањето на водата да ги дезифинцираат своите куќите, а апелираше и за собирање на хумантарна помош за поплавените подрачја.

pp_poplavi (2)

Денеска Центарот за управување со кризи повторно го оддржа редовниот координативниот состанок за да се види каква е состојбата на терен во текот на изминатово деноноќие.

– Во моментот се санираат критичните места каде надојдената вода успеа да се излее од своите корита и да предизвика штета. Една од критичните места и атарот на Кадино село каде градска река се излеа од своето корито, посочија од Центарот за управување со кризи.

– Обезбедени се вреќи со песок кои ќе се користат на критичните места, вклучена е АРМ и вработените во ЈКП,  но сепак состојбата треба постојано да се следи поради новите врнежи на дожд и снег, посочи Градоначалникот Марјан Ристески.

pp_poplavi (4)

Поради претрпените штети од елементарните непогоди од поплавите кои деновиве го зафатија Прилеп и прилепско, сите оштетени граѓани имаат право да поднесат барање за еднократна парична помош во Центарот за социјална помош, од градот Прилеп и населените места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.