Јанакиески: Изградбата на автопатите еден од најголемите проекти во ресорот

Изградбата на трите автопати во земјава, според министерот за транспорт и вреск, Миле Јанакиески, претставуваат најголеми проекти во ресорното Министерство, а нивната изградба се одвива според планираното.

„Едниот автопат кој започна со градба во 2012-та се гради согласно диманиката утврдена во договорот, а останатите два автопати само што започнаа со изградба. Тоа е автопатот од Скопје до Штип и од Кичево до Охрид. За овие два автопати се прават почетните активности како утврдување на трасата, изградба на кампови за работнииците, а поголемата динамика треба да следи во втората половина од оваа година и наредните три години кога треба да се  изградат овие автопатишта“, рече Јанакиески, нагласувајќи дека овие се најголемите три проекти во ресорот транспорт и врски, нагласи Јанакиески.

Тој истакна дека во отчетот во делот на транспорт и врски се дефинирани 187 проекти и децидно е кажано што е реализирано, а што е во фаза на реализација.

Според Јанакиески,  лошо тоа што опозицијата никогаш не пофалила ниту еден проект, бидејќи има голем број на реализирани проекти и сите тие се содржат во отчетот кој денес беше презентиран.

„Промовиравме нов начин на функционирање. Кога ќе започнат изборите, односно пред парламентраните избори пред граѓаните секогаш да претставуваме програма и секогаш на крајот на нашиот мандат да презентираме отчет“, рече Јанакиески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.