Македонија

Јанакиески ќе се обрати на првата Конференција за зелена градба

Јанакиески ќе се обрати на првата Конференција за зелена градба

Во организација на Македонскиот совет за зелена градба со поддршка на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска ќе се одржи Првата конференција за зелена градба во Република Македонија.

Целта на конференцијата е започнување со зеленото делување и создавање нови трендови во градежништвото, дефинирање ист јазик за зелена градба со Европа и остатокот на светот, запознавање на стручната и општата јавност, како и подигнување на јавната свест на национално ниво со промовирање на праксата и технологијата на зелена градба.

На конференцијата ќе се обрати министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а планирано е да да учествуваат и пратеници, претставници на стопанските комори, како и претставници на повеќе компании и експерти од јавниот и приватниот сектор.