Јанакиески: Ќе се пробиваат патиштата кон струшките села

Утрово повторно се одржа состанок на координативното тело, на кое како што информираше министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески најголем акцент било ставено на напојувањето со електрична енергија.

-Денес се направи координација помеѓу Дирекцијата за заштита и спасување и Македонија пат. Ќе се чистат повеќе села во струшко бидејќи од информациите кои што ги имаме од ЕВН наредниот период, 7-10 дена тие не можат да добијат електрична енергија, па треба да се пробијат патиштата, истакна Јанакиески.

Денеска во попладневните часови, како што истакна министерот, ќе има мал прекин на патот од Кичево до Осломеј бидејќи ќе се доставува мазут за ТЕЦ Осломеј.

-Не одминува бранот со кој се очекуваше поголеми врнежи на снег. Од Хидрометеоролошкиот завод добивме информации дека нема да има поголеми врнежи во текот на викендов. Ќе има само помали врнежи на снег, но повторно ќе преовладува студено време со ниски температури. Во сабота се очекува покачување на температурите, додаде тој.

Дирекцијата за заштита и спасување ќе се сконцентрира на регионот на Дебарца и регионот на Струга.

-Трет ден по ред во раните утрински часови екипите на ЕВН подпомогнати од поголем број на приватни компании кои соработуваат со нас. Во струшкиот реон и во охридскиот реон, вклучувајќи го и Дебар сме присутни со повеќе од 200 монтери кои се обидуваат да ги санираат дефектите. Сакам да потенцирам дека станува зборза планиснки предели, кои се тешко пристапни и каде што нашите луѓе со комплетната потребна се движат пешки во снег кој на одредени места е и повеќе од едем метар висина, истакна Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.