Јанакиески: СДСМ создава лажен хаос со избирачкиот список за да имаат алиби кога ќе ги изгубат изборите

Кога станува збор за избирачкиот список главна водилка треба да биде единствениот матичен број, а не адресата на живеење, вели Миле Јанакиески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за време на гостувањето во Пулт на Радио Слободна Македонија.

Само тогаш, вели тој, може да се утврди дали едно лице е на повеќе избирачки места. СДСМ со своите тврдења има за цел да направи само вештачи хаос.

Она што деновиве се обидува  да го направи СДСМ  е да направи една слика на хаос дека нешто се случува во избирачкиот список. Јас ќе напоменам само неколку примери кои тие ги кажа за на јавноста да и објаснам дека тие сакаат да направат еден вештачки хаос: Многу беше експлицитен примерот со пратеничката Рангелова. Тие најдоа исто име и презиме со лице во Брвеница и пробаа да кажат дека Рангелова има адреса и во Скопје и во Брвеница. Потоа пратеничката покажа дека постои такво лице со исто име и презиме но тоа е друга личност. Проблемот со  Брвеница го имаат речиси 90% од населените места во Македонија, односно сите кучи се водат на една адреса, вели Јанакиески.

Причината, појаснува Јанакиески е поради тоа што тие села се водат на една улица.

Така да по логиката на СДСМ сите лица кои што живеат во село се фантомски гласачи. Ако е така тогаш ниту едно лице кое што живее на село не би требало да гласа. Или пак  со социјалната зграда во Прилеп, која што пред некој ден беше евидентирана во Катастар и нема логика да се издадат лични карти на таа адреса. Проверката покажа дека таа дреса кои тие ја посочуваат како адреса на социјалната зграда е сосема различна од онаму каде што се тие лица. Така да поробуваат преку лажни примери да направат хаос за да покажат дека е грешен избирачкиот список, вели Јанакиески.

Тој заклучува дека СДСМ тоа го прави се со цел да по извесно време повторно побараат да се одложат изборите или пак ако одат на избори повторно Заев во 19 часот да излезе и да не ги признае изборите, а како алиби ќе го користат хаосот кој го направиле.

Целото гостување погледнете го на следниот линк: