Јанакиески: Надлежност за „Сончев град“ има општина Сопиште, а не Министерството за транспорт

Договорот е склучен во 2007-та година, врз база на детален урбанистички план и документација согласно закон. Комисијата има распишано јавна објава, се јавуваат две страни, се наддаваат, една компанија победува и се случува договор

Надлежност за проектот „Сончев град“ има општина Сопиште, а не Министерството за транспорт и врски како што тоа го тврди СЈО, истакна поранешниот министер за транпорт и врски Миле Јанакиески, откако се најде како првоосомничен во новата истрага на СЈО, наречена „Топлик“.

„Договорот е склучен во 2007-та година, врз база на детален урбанистички план и документација согласно закон. Комисијата има распишано јавна објава, се јавуваат 2 страни, се наддаваат, една компанија победува и се случува договор. СЈО вели дека претходно имало комисија и потоа е формирана нова, тоа е точно. Првата комисија укажа на забелешки дека не бил изваден имотен лист, забелешки што се решаваат во рок од 30 минути, а потоа втората комисија ги обезбеди тие документации, ги комплетира и го распиша јавниот повик. Потоа во 2010-та година Уставниот Суд го поништува деталнот урбанистички план со цитат „Судот утврди дека советот на општина Сопиште како надлежен орган за донесување на одлуката во конкретниот случај не ги спровел битните законски утврдени дејствија во постапката за донесување на оспорената одлука и тоа е основ истата одлука на одлука за донесување на план да планот биде поништен“, посочи Јанакиески за Тв Нова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.