Јанакиески: Остваривме големи проекти во патната и во железничката инфраструктура

За министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески 2014 година беше една од најуспешните години во ресорот транспорт и врски од осамостојувањето на Р.Македонија.

Министерот потенцираше дека во 2014 година биле реализирани 120 конкретни проекти и голем број потпроекти, а  уште многу други работи кои не биле ветени во програмата биле реализирани.

-Минатата година ќе остане историска за Р.Македонија. 2014 година ја посветивме на големи проекти како во патната така и во железничката инфраструктура. Воведовме нови авионски линии до европски дестинации, реализиравме голем број проекти во комуналната сфера, обезбедивме бесплатна изработка на геодетски елаборати за ранливите категории на луѓе, ја започнавем гасификацијата на нашата земја, за прв пат воведовме бродска линија кон Р.Албанија , започнавме со уредување на плажи на Дојранското, Преспанското и завршивме со идејни плажи за Охридското езеро и уште многу други проекти, истакна Јанакиески.

Патна инфраструктура

-Во делот на патната инфраструктура, после неколку децении започнавме со изградба на 104 километри нова автопатска мрежа. Имено започнавме со изградба на два нови модерни автопати. Едниот Гоце Делчев, автопат кој води од Скопје до Штип со должина од 47 километри и инвестиција од 206 милиони евра. До крај на 2014 година над 50 % од трасата е пробиена. Другиот автопат Мајка Тереза кој води од Кичево до Охрид претставува најголема инвестиција во последните 50 години. Изградбата на овој автопат е во висина од 374 милиони евра а автопатот е долг  57 километри. До сега пробиени се околу 25 % од трасата, истакна Јанакиески.

Во 2014 се продолжи со изградба на новата автопатска делница Демир Капија –Смоквица со должиина од 28 километри. Изградбата на Овие 3 автопатишта преставува изградба на 132км автопатска мрежа или 50% од постојната.

Министреот рече дека во соработка со ЈП за државни патишта започнала   рехабилитацијата на делницата од Велес до Катланово со должина од 23,5 километи и инвестиција од 5,5 милиони евра.

-Распишавме јавен повик и за рехабилитација на делницата од Смоквица до Гевгелија и се припреми цела документација за патниот правец Куманово Миладиновце и обрратно со што комплетно ќе се заокружи изградбата на модерен автопат на Коридорот 10. Исто така во соработка со ЈП за државни патишта се продолжи со изградба на регионалната и локалната патна мрежа. Имено минатата година се работеше на изградбата на пет регионални патни правци и еден експресен пат (Велец – Кадрифаково) со вкупна должина од 83,4 километри. Се заврши со изградба на 70 локални патни правци со вкупна должина од 125 километри, истакна Јанакиески.

Во 2014 е потпишан договор со ЕБОР за финансирање на изградба на уште четири нови патни правци и тоа Градско -Прилеп,  Штип Кочани, Охрид -Пештани и Требениште -Струга, а започна и третата фаза од проектот рехабилитација на 13 мостови на Коридор 10 инвестиција од 8,6 милиони евра, проект кој се реализира во соработка со НАТО.

Во Ноември бил потпишан договор со труската команија Аселсан за воведување на електронски систем за наплата на патната такса како и проширување на патарините долж Коридорот 10 инвестиција од 18,7 милиони евра.

-Продолживме со транспаретна распрделба на ЦЕМТ дозволите и автобуските линии, обезбедивме уште 2900 дополнителни транспортни дозволи. За прв пат и први во РМ воведовме елктронски испит за полагање за сертификат за превоз во меѓународниот сообраќај, посочи Јанакиески.