Јанакиески: Сите магистрални и регионални патишта се проодни

Сите магистрални и регионални патишта се проодни и нема застој во сообраќајот. За ова денеска по состанокот со координативното тело информираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

-Синоќа најмногу снег падна од првата патарина од Тетово до излезот на Кичево. Имаше врнежи и во другите делови низ Македонија, но претежно тоа беше снег кој беше измешан со дожд, истакна Јанакиески.

Во Вевчани имало краток испад на ниско напонска струја, при што проблемот бил саниран, исто така и во преспанскиот дел имало краток испад и министерот истакна дека за неколку часа ќе бидат санирани сите штети.

-Патиштата до Вевчани се проодни, па сите граѓани од Македонија и од странство кои планираат да го посетат Вевчанскиот карневал слободно можат да патуваат. Ние имамвме и посебни екипи кои беа сконцентрирани на тој регионален пат, заклучи тој.

Од УХМР информираа дека во наредните пет дена нема да имаме снежни врнежи.