Јанакиески: Ситуацијата се следи – нема повредени лица

Поради силното невреме кое го зафати главниот град, по што доста улици се претворија во реки, а граѓаните масовно пријавуваат поплавени домови, Владата и раководството на главниот град одржаа итна средба за координација.

„На координативната средба беа присутни сите директори на јавните претпријатија како и Дирекцијата за заштита и спасување. Ги лоциравме главните кризни точки. Сите расположливи средства се на терен, најкритично е кај Стоковната куќа мост, булеварот „Киро Глигоров“, од Битпазар спрема Континентал, во Гази Баба, подвозникот кон Пржино, булеварот Кочо Рацин. Ќе се справиме со оваа ситуација“, рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Министерот Миле Јанакиески кој раководи со Кризниот штаб изјави дека засега нема пријави за поголеми штети и повредни лица, но дека ситуацијата се следи и граѓаните можат да се јавуваат на отворените линии во минситерството за транспорт и врски и министерството за внатршени работи работи.

„Во контакт сме со ЕВН, мал дел од трафостаниците се во дефекти кои се отстрануваат. Постојано сме во координација. За се што има ново ќе информираме. Сакам да апелирам секој што е загрозен да пријави на телефоните“, рече Јанакиески.

Отворени телефони за граѓаните за пријавување на непогоди предизвикани од поплавите во Скопје – 02 3073010, 02 3297295, 02 3297204.