Специјалното јавно обвинителство цело време работи на конструирани случаи без да доставува материјални докази, истакна Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски во вечерашното гостување на ТВ Нова.
Тој смета дека специјалното јавно обвинителство ќе биде поактивно со прес-конференции во периодот што претстои, алудирајќи на тоа дека се работи за заеднички договор со СДСМ, со цел да се демотивираат членовите на СДСМ пред изборите закажани за 11-ти декември.
„СЈО како и во претходните случаи очекувам да биде поактивно со прес-конференции. Се распушти Собранието и сите го очекуваме 11-ти декември. СЈО со вакви прес-конференции ќе се впушти во изборната кампања, односно ќе им помогне на СДСМ во пресрет на изборите. Очекувам силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на 11 септември“, истакна Јанакиески.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.