Јанакиески: СЈО во соработка со СДСМ е во предизборна хајка против ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес конференција на СЈО е без никакви аргументи, без никакви ама баш никакви основи, ниту презентирани аргументи. Нивната цел во соработка со СДСМ,  е да влијаат на изборите но граѓаните на Република Македонија тоа ќе го препознаат и ќе дадат силна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, рече Миле Јанакиески во изјава за медиуми.

СДСМ и СЈО и во иднина очекуваме да продолжат со оваа хајка на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на темата на денешната прес конференција на СЈО сакам да истакнам неколку аргументи кои беа презентирани од СЈО, а воопшто не се вистинити.

Имено комисијата која се формира во министерството за транспорт и врски за спроведување на постапка за отуѓување на градежно земјиште го има истото направено согласно закон, подвлече Јанакиески.

„Договорот воопшто го нема раскинато министерството за транспорт и врски согласно грешките на комисијата туку тоа се има случено врз база на одлука на уставен суд а уставниот суд  утврдил дека има грешка во постапка од страна на општината Сопиште односно советот, а сакам да потсетам дека градоначалник во општина Сопиште во тоа време бил кадар на СДСМ. Значи договорот е поништен или раскинат врз база на одлуката на уставен суд. Потоа Министерството за транспорт и врски воопшто нема склучено спогодба како тоа што беше презентирано на самата прес конференција. Имено склучена е судска спогодба од страна на државното правобранителство која судска спогодба содржи решение дека средствата треба да се исплатат. Значи Министерството за транспорт и врски ниту има склучено спогодба ниту пак средствата самоиницијативно ги има префрлено, туку исклучиво е почитувана судската одлука. Така да ова беше еден политички прес се со цел да се влијае на изборите кои што претстојат на 11 декември“, рече Јанакиески.

Додаде дека очекуваат и во иднина СЈО ќе продолжи со вакви активности во соработка со СДСМ, но граѓаните тоа го препознаваат и ние за тоа очекуваме голема поддршка од граѓаните на Република Македонија на 11 декември.