Македонија

Јанакиески, Тодоров и Спасов во Чешиново-Облешево

Јанакиески, Тодоров и Спасов во Чешиново-Облешево

Кризниот штаб денес одржа состанок во општина Чешиново-Облешево.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, министерот за здравство Никола Тодоров и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов го водеа состанокот.

krizenstabbb

Кризниот штаб ги презема сите потребни мерки за заштита од последиците од поплавите и на терен будно ја следи состојбата.

На состанокот на Кризниот штаб присуствуваа и професори, доктори-епидемиолози и специјалисти по хигиена од Институтот за јавно здравје и Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството, како и претставници од Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје.

Целта е да се изврши проценка на здравствениот ризик по настанатите поплави, односно да се процени можноста за појава на заразни заболувања кај населението, а воедно и да се потсети на препораките за спречување на можна појава на заразни болести, како и препораките за користење вода за пиење во поплавените подрачја.