Јанакиески: Тврдењата на Раѓеновиќ-Јовановиќ се без аргументи

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денес реагираше на наводите и тврдењата искажани од страна претседателката на Асоцијацијата на архитекти, Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, која во интервјуто за Радио Слободна Европа тврди дека градбите од Скопје 2014 се неквалитетни и вели дека тоа многу брзо ќе се види.

Јанакиески вели дека не му е јасно врз база на кои документи претседателката на Асоцијацијата на архитекти утврдила дека градбите во централното градско подрачје се неквалитетни, па ја повика доколку има докази истите да ги достави до надлежните државни органи.

-Дали тоа, според Сања Раѓеновиќ значи дека голем број на надзорни органи и градежни компании кои секој ден контролираат градби и прават анализи во лаборатории се нестручни и работат непрофесионално?  Ако има такви индиции кои се базираат на докази, нека ги достави до надлежните органи, наместо паушално да дава изјави од исклучиво дневно-политички побуди. Ова ме потсетува на еден добро познат политичар, сегашен градоначалник кој пред повеќе години тврдеше дека северната трибина на Арената „Филип Втори“ ќе падне заради неквалитетниот проект… Секако дека, како и во овој случај, времето ќе го покаже квалитетот, но сметам дека госпоѓата Раѓеновиќ, доколку не ги достави доказите, треба барем да се извини за ваквиот начин на оцрнување на голем број нејзини колеги, смета министерот за транспорт и врски.

Јанакиески додава дека е нејсано врз снова на кој член Раѓеновиќ-Јовановиќ бара одземање на овастувањата на проектантите за ГТЦ. Министерот смета дека не е ниту професионално ниту етички Асоцијацијата на архитекти да бара Комората да одзема овластувања на свои колеги заради тоа што различно размислуваат од неа.