Јанакиески во Брисел оствари средба со комесарот за регионална политика Хан

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски денекс во Брисел оставри средба со комесарот за регионална политика Јоханес Хан на која беа преставени тековните инфраструктурни проекти и активности на Владата на р.македонија кои се финасирани со средства од Европската Унија.

Тема на дискусијата на денешната средба беа 14 проекти кои ги води мин.за транпорт и врски а припаѓаат под ИПА компонентата. Главен проект е делницата од коридорот 10 , Демир Капија – Смоквица, истакна министерот Јанакиевски.

„Тоа што како позитивна вест го дознавме денес, е дека веќе е одборена целокупната документација за почеток на избор на градежна компанија за делницата Битола Кременица со крак кон индустриската зона Жабени. Очекуваме овие денови да го добиеме официјало тој допис, потоа започнува со избор на градежна компанија. Многу значаен проект за Р.Македонија во вредност од 21 милион евра, со тоа што ке имаме уште една алтрнатива за поврзување Македонија со Грција. Но исто така ке има и железничко поврзување со индустриската зона Жабени,“ изјави Јанакиевски и додаде дека изградбата на пругата кон Бугарија останува приоритет во идната програма на министерството за транспорт и врски.-јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.