Јанакиески во Милано на неформална средба на министри

Министерот за транспорт и врски учествува на неформалната средба на министри која се одржува денес и утре во Милано, Италија.

Централна тема на средбата се трансевропските транспортни мрежи, а домаќин е италијанскиот министер за транспорт и инфраструктура Маурицио Лупи.

На средбата, освен министри за транспорт на земјите-членки на Европската Унија, учествуваат и Сиим Калас, заменик-претседателот на Европската Комисија, одговорен за транспорт, како и градоначалници на поголемите европски градови.

Главните дискусии е предвидено да се фокусираат на планирањето и управувањето на трансевропските коридори, политиките и инструментите за финансирање на истите, како и одржливоста, мобилноста и социјалната инклузија во градовите долж коридорите.