Македонија

Јанакиески: Во постојан контакт сме со општините

Јанакиески: Во постојан контакт сме со општините

Премиерот Никола Груевски заедно со ресорните министри и директори на дирекциите за заштита и спасување и за патишта беа во обиколка на општините Штип и Карбинци, каде што циклонот Вера направи големи штети по домовите, нивите, фармите и индустриските капацитети.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески рече дека веќе е формиран Кризен штаб и оти штети од обилните врнежи и излевањето на реките од коритата има во 10 општини во земјава.

– Она што можам да го истакнам дека е зголемен водостојот на реките Вардар кај Демир Капија, реката Пчиња за која очекуваме во текот на попладневните часови уште повеќе да се зголеми, бидејќи наидува водата од Јужна Србија и реката Црна кај Новаци. Во десетина општини има поплавени локални патишта, земјоделски земјишта… Ние сме во постојан контакт со општините и денеска попладне ќе одржиме и координативно тело за да ја согледаме состојбата. Ќе преземеме превентивни мерки, бидејќи има најави дека за некои пет-шест дена, повторно ќе има врнежи од снег, така што треба да бидеме во координација, вели Јанакиевски.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ване Костадиновски вели дека големи штети имаат претпено земјоделците и сточарите на кои фармите им биле во близина на реките кои се излееја од коритата. Тој порача дека како Министерство ќе преземат мерки и ќе ги обештат сточарите и земјоделците кои имаат големи штети по невремето во штипско-карбинскиот регион.