Јанакиески во работна посета на општина Бутел

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ќе оствари работна посета на општина Бутел.

Предвидено е заедно со градоначалникот Петре Латиновски да ја посета локацијата каде се во тек градежни активности за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населбата Радишани, каде се предвидени и изјави за медиуми во 12,30 часот.