Јанева без докази барала притвори, Основниот суд ги отфрли незаконските барања на СЈО

Основниот суд Скопје 1 ги отфрли барањата на Специјалното Јавно Обвинителство за мерки притвор и за претпазливост против неколкумина осомничени во случајот „Тврдина“.

Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлози за определување мерка притвор против лицето Г.Г. и мерки за претпазливост против лицата Т.Ј., Г.Ј., Н.Б. и В.С. поднесени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), откако беше побарано дополнување на предлогот што беше доставено и јавно објавено од страна на СЈО, донесе решенија со кои ги отфрли предлозите на обвинителството, стои во соопштението на Судот.

Специјалното јавно обвинителство ниту во соопштението објавено пред два дена не наведоа ниту еден аргумент, иако судот побарал од нив да се произнесат врз основа на што бараат мерка притвор и мерки за претпазливост во случајот „Тврдина“.

Наместо аргументи и докази од СЈО се обидоа да влезат во политичка полемика нарушувајќи го уставно загарантираното право на пресумпција на невиност.

Сите лица за кои СЈО покренало постапка во еден од предметите, по налог на Катица Јанева, политички беа ставени на „ѕидот на срамот“, иако ниту истрагата е завршена ниту е покренато обвинение, а уште подалеку е отпочнувањето на судскиот процес во кој што би биле ценети тврдењата на СЈО.

Ваквиот скандалозен потег на СЈО беше видлив за јавноста скоро цел час, време доволно за сите да ја прочитаат и симнат информацијата. За потоа да ја сокријат трагата од овој испад, го избришаа срамното соопштение, па објавија ново во кое наводно ја заштитуваат пресумпцијата на невиност и го прикриваат идентитетот на лицата против кои водат постапка, објавувајќи ги со иницијали.