сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 10

Јанева денес на отчет за сработеното

Специјалната Обвинителка Катица Јанева денес треба да се појави на Седницата на Советот на јавни обвинители и да даде отчет за стработеното.

katicajaneva-sjo500

Поврзани вести

Специјалната Обвинителка Катица Јанева денес треба да се појави на Седницата на Советот на јавни обвинители и да даде отчет за стработеното.

Првично седницата беше закажана за минатата недела, па потоа, поради болест на претседателот Петар Аневски беше одложена за во среда. Од СЈОРМ вчера информираа дека седницата повторно е поместена за еден ден и истата ќе се одржи денес.

Како Јанева постапила со предавањето на материјалите од незаконското прислушување?

Советот на обвинителите на затворена седница ќе расправа за стручноста на специјалната обвинителка Kатица Јанева и за тоа како постапила таа во случајот со предавањето на материјалите од незаконското прислушување од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 30 декември.

Како Јанева постапила со предавањето на материјалите од незаконското прислушување?

Како Јанева постапила со предавањето на материјалите од незаконското прислушување?

На седницата, како што претходно објавија медиумите, се очекува да се донесе заклучок со кој ќе се побара отчет од Јанева како точно се одвивало примопредавањето и дали постои некаков пишан документ – листа на она што е примено во специјалното јавно обвинителство од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Специјалната јавна обвинителка ќе добие рок во кој ќе треба писмено да го извести Советот за сите детали за овој случај, вклучително и законските одредби кои биле искористени за таа да му ги побара снимките на Заев, но и административното водење на предметот во институцијата, како што се уписници и слично.

Јанева призна дека не постои записник од примопредавањето на материјалите

Советот на јавните обвинители е единствениот орган кој има право да ја цени стручноста во работењето на специјалната обвинителка откако со законот со кој таа беше именувана иззмени се сите овластувања на редовното Јавно обвинителство на РМ, па нема обвинител кој е непосредно надреден на Јанева.

Независното тело на обвинителите реши да побара отчет од Јанева откако таа самата, а претходно и Заев, ги потврди сомневањата во јавноста дека не постои записник за примопредавањето на 30 декември, што според Законот за кривичната постапка е задолжително. Откако ќе се добијат одговорите од Јанева, Советот на јавните обвинители ќе треба да реши дали ќе води дисциплинска постапка против обвинителката за несовесно и нестручно работење, што би можело да доведе до нејзино разрешување.

Најчитани вести