петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 63

Јанева ги испорача барањата до Собранието и си замина

Извештајот за работата на СЈО е ставен и на дневен ред на седница на Собранието закажана за в понеделник.

janeva-katica-sobranie-640x480-1

Последни вести

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се појави во Законодавниот дом, ги испорача нејзините барања за само три минути и веднаш си зеде пауза и ја напушти просторијата.

Покрај шестмесечниот извештај за работата на СЈО, пред членовите на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се појави пред пратениците, прво што направи беше селфи за да покаже дека дошла и е присутна во Парламентот, а потоа ги испорача барањата за само три минути, по што си зеде пауза и ја напушти салата, пишува „Курир“.

silegov

Партискиот портпарол Петре Шилегов може да се забележи веднаш зад Катица Јанева, па не е исклучено тој како правник лично да ја советува специјалната обвинителка со цел да се избегне уште една нејзина бламажа пред јавноста по фијаското на МРТ.

Непочитувањето на Јанева кон Законодавниот дом веќе добро и е познато на јавноста. Според нејзина неодамнешна изјава, Уставниот Суд, Собранието и Владата се нелегитимни институции, иако и самата е избрана од ова Собрание и користи милионски буџет изгласан од истите пратеници. Јанева смета дека Специјалното обвинителство е единствената легитимна институција.

-Сите институции се нелегитимни освен Специјалното обвинителство, изјави Јанева во март годинава.

Првиот шестмесечен извештај, кој исто така беше поднесен до Собранието и до Советот на јавни обвинители, помина без дискусија бидејќи и законодавниот дом и Советот ја чекаа Јанева да го образложи извештајот. Тогаш специјалната јавна обвинителка не отиде во двете тела за да ја презентира работата на институцијата со која раководи.

Покрај на комисиска расправа, извештајот за работата на СЈО е ставен и на дневен ред на седница на Собранието закажана за в понеделник.

Најчитани вести