сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Јанева има двојни аршини: Го оправдува Верушевски, а бара притвор за Талевски

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева продолжува да работи со двојни аршини.

133399509

Поврзани вести

Kога станува збор за мерките притвор, таа застанува во силна одбрана на соработникот на Заев и првообвинет во „Пуч“, Зоран Верушевски,  а од друга страна за битолскиот градоначалник таа бараше што подолг притвор.

Јанева синоќа гостуваше во Телма, каде срамно ја излажа јавноста дека е против мерката притвор.

-Барањето за ослободување од притвор беше поднесено од господинот обвинет во „Пуч“ Зоран Верушевски. По закон за кривична постапка тоа барање беше доставено до нас. Ние изготвивме мислење дека не сме против да биде ослободен од притвор и да му се определи друга мерка. Тоа го прифати судот. Јас сум против притвор. Притворот треба секогаш да биде сведен на минимум во оправдани случаеви, рече Јанева во вчерашното гостување на Телма.

Но, само пред извесен период, Јанева беше таа која бараше што подолг притвор за Владимир Талевски.

-Во врска со предметот во јавноста познат како „Транспортер“, Ве известуваме дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело од Кривичниот законик, а поднесен е и предлог за определување на мерка притвор против истото лице, изјави Јанева, пренесе телевизија Телма.

1

Кога поради немање докази, Талевски беше ослободен од куќен притвор, СЈО бурно реагираше на таквата одлука.

2

Најчитани вести