среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 17

Јанева ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители

Личните навреди и вадење прашања од контекст од Извештајот сметам дека нема потреба да ги одговорам и затоа ја напуштив седницата. Но, сметам дека и членови на Советот на јавните обвинители исто така ја напуштија седницата бидејќи не го оправдуваа начинот на кој постапуваше Сулејманов, рече Јанева.

katica-janeva-kol173-740x320-520x225

Последни вести

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти денешната седница на Советот на јавни обвинители на која се разгледуваше Извештајот на СЈО, поради како што рече, личните навреди од членот на Советот, Зоран Сулејманов.

– Личните навреди и вадење прашања од контекст од Извештајот сметам дека нема потреба да ги одговорам и затоа ја напуштив седницата. Но, сметам дека и членови на Советот на јавните обвинители исто така ја напуштија седницата бидејќи не го оправдуваа начинот на кој постапуваше Сулејманов, рече Јанева.

Специјалната јавна обвинителка изјави дека е задоволна од начинот на кој комуницирала со Советот, но дека е изненадена од нивната заинтересиранист за работата на СЈО.

– Се надевам дека ќе ја продлабиме соработката. Членовите на Советот решија да дојдат да ги проследат просториите на СЈО, каде што согласно нивните овласутвања ќе им бидат покажани и самите материјали кои ги имаме, рече Јанева.

Јанева во петокот ја напушти и седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која се разгледува шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Согласно Законот за Специјалното јавно обвинителство, Јанева треба да доставува Извештај за својата работа до Советот на обвинители и Собранието на Република Македонија на секои шест месеци.

Советот на јавните обвинители на Република Македонија попладнево во кусото соопштение информира дека на денешната втора седница на Советот бил разгледан извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за периодот од шест месеци од 15.03.2016 до 15.09.2016 година.

– Седницата започна точно во 11 часот во присуство на сите членови на Советот на јавните обвинители и јавната обвинителка Катица Јанева. На седницата не присуствуваше Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски. Седницата заврши во 13:45 часот, се наведува во соопштението.

Најчитани вести