четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Јанева молчи – дали Заев ги предаде незаконските снимки?

katica-janeva-zoran-zaev1

Поврзани вести

Скоро две недели трае молкот во Специјалното јавно обвинителство за незаконски прислушуваните материјали кои лидерот на СДСМ Зоран Заев наводно и ги предаде на Катица Јанева на 30 декември минатата година, пишува Пресс24.

Освен 6 картонски кутии кои телохранителите на Заев ги внесоа во Обвинителството, а ги снимија камерите, јавноста не може да добие никаква информација околу тоа дали во кутиите се наоѓаа транскрипти од незаконските снимки или Заев и Јанева правеа само театар пред граѓаните.

Согласно Законот за кривична постапка, Јанева е должна при приемот на материјалите да состави соодветен записник во кој прецизно треба да биде наведено, колку незаконски снимки се прибавени, колку листови хартија примило обвинителството односно да се направи комплетна квантитативна анализа на примениот материјал. Истиот тој записник треба да биде потпишан од Обвинителството од една страна, но и од оној кој ги предава материјалите, во случајот обвинетиот Зоран Заев од друга.

Ваквата пракса би го спречила обвинетиот подоцна во постапката да каже дека предал повеќе или помалку материјали од она што е заведено во записникот.

-Ако се има предвид дека Заев од обвинителството излезе по помалку од 10 минути, јасно е дека во толкав период невозможно е да се состави записник за примени 600.000 незаконски снимки бидејќи едноставно нема време тие да бидат пребројани. Во такви околности остануваат три можности. Првата е Јанева воопшто да не составила записник и со тоа да го прекршила законот за кривична постапка.  Втората е Заев и да и предал празни кутии со цел да се направи театар пред јавноста и да се испрати порака дека СДСМ го испочитувала договорот од Пржино. Третата можност е Заев да предал само неколку стотици разговори по сопствен избор, за тоа да бил составен записник но сега тој да се крие од јавноста за да не се нарушат позициите на СДСМ, пишува порталот.

Медиумите во повеќе наврати пишуваа за блискоста на Специјалната обвинителка со опозицијата и нејзината задача на свој грб да ја носи предизборната кампања на СДСМ на изборите закажани за оваа пролет. Сомневањата се продлабочија кога Јанева реши да го ослободи од притвор Зоран Верушевски, прво обвинет во случајот „Пуч“ и тоа речи си веднаш откако го презема овој случај.

Молкот на обвинителството дополнително го урива неговиот и онака минимален кредибилитет а на социјалните мрежи граѓаните веќе коментираат дека станува збор за обвинителство кое работи по диктатот на опозицијата и дека неговите обвиненија нема да имаат никакво значење.

Дополнително, Специјалното јавно обвинителство ќе треба да го „преживее“ и Уставниот суд кој тактизира во ситуација кога е евидентно прекршување на Уставот во неколку членови.

Најчитани вести