Јанева најави и проширувње на истрагата за „Странски служби“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најави во четвртокот дека истрагата за случајот „Странски служби“ ќе биде проширена, откако СЈО претходно објави дека го формирол овој случај.

„Лично бев изненадена од снимките во медиумите. Секоја изјава е добредојдена“, рече Јанева одговарајќи на новинарско прашање по завршната конференција на проектот „Набљудување судски предмети од областа на организираниот криминал и корупцијата според новиот Закон за кривичната постапка“.

Одби да открие дали МВР опремата ја набавило од компанија од Израел, бидејќи станува збор за класифицирана информација.

Во случајот „Странски служби“ сомничени се две лица за злоупотреба на службената положба и овластувањето, помошник-министер и началник на оперативна техника на Управата за безбедност и контрарзузнавање (УБК) и Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според истрагата, во 2014 година во октомври и ноември по барање на еден од осомничените, кој тогаш бил началник на Одделот за оперативна техника во УБК, странска компанија изготвила извештај во кој било наведено дека на подрачјето на град Скопје, со своја опрема детектирале нелегални активности поврзани со дупли базни станици.

„Ваквиот извештај требало да ја потврди тезата на тогашниот државен врв дека масовното незаконско прислушување го извршиле странски служби. Интерес за овој извештај имала и странската компанија“, рече Фетаи.

Во декември 2014 година, месец по изготвувањето на извештајот, компанијата надвор од законот за јавни набавки,  како што тврдепе Фетаи, преку двајцата осомничени, го добила тендерот за набавка на опрема за потребите на МВР.

Постапката по оваа јавна набавка е по иницијатива на вториот осомничен, началникот кој побарал да се спроведе набавка, а второосомничениот донел одлука и формирал комисија за спроведување на јавната набавка. За пет дена била средњина целата работам и опремата била донесена во мај 2015 година и била инсталирана.

Јанева ја потврди информацијата дека СОЈ, со цел да не влијае на политичките настани, се откажале од барањето да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на истрагата за нејзиното финансирање.