ВИДЕО: За Јанева не е непотизам што го вработила внукот во СЈО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева смета дека вработувањето на нејзиниот внук Ѓорѓи Делиџаков во институцијата со која што таа раководи не е непотизам.

Јанева запрашана во вечерашното интервју на телевизија Телма дали го вработила својот внук во Специјалното јавно обвинителство потврди дека тој е вработен и дека работи како економски референт.

Специјалната обвинителка вели не се работи за непотизам бидејќи во Специјалното обвинителство имале поставено веќе такви роднински вработувања и според Јанева тоа не преставува проблем.

Да, бидејќи сите се свесни дека е на определено време. Има роднински врски во нашето обвинителство со компетентни кадри, е одговорот на Катица Јанева на прашањето „Дали јакнењето на капацитети на СЈО подразбира и вработување на ваши роднини?“ за време на нејзиното гостување во емисијата Топ Тема.

На прашањето нели тоа е непотизам, против кој таа треба да се бори, Јанева со одговор:

-Каков непотизам е тоа што некои помошни работи врши, а јас сум јавен обвинител. Да, го вработив мојот внук да работи како економски приправник, гордо потврди Јанева.

Јанева покрај ова одби да одговори и на прашањето за висината на нејзината плата иако таа како избран јавен функционер е должна да дава отчет за тоа.

Како и нејзиното интервју за Македонската радио телевизија пред околу еден месец и ова интервју на специјалната обвинителка е тема на голем број на коментарни на социјалните мрежи.

За едни Јанева брилијала, имала одговор на секое прашање и покажала храброст и одлучност.

fb3

Дел од поддржувачите на опозицијата пак незадоволни од тоа како новинарот ги поставувал прашањата.

14671092_10154597235139192_3352281851494763911_n

За дел од јавноста Јанева и во интервју покажа дека нема доволно капацитет за извршување на функцијата на која е поставена.

fb1

fb2

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.