петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Јанева не се појави во Собрание, седницата одложена за утре

претседателот на Комисија, Влатко Ѓорчев, како што рече, поради неприсуство на подносителот на извештајот ја презакажа седницата за утре во 11 часот.

katica-stana

Поврзани вести

Како што најави вчера специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска не се појави на закажаната седница на Комисијата за политички систем каде што се разгледува шестмесечниот извештај за работата на СЈО.

По 20-тина минути од времето за кога беше закажан почетокот на комисиската седница и откако стана јасно дека Јанева не е во Собранието, претседателот на Комисија, Влатко Ѓорчев, како што рече, поради неприсуство на подносителот на извештајот ја презакажа седницата за утре во 11 часот.

Од СДСМ обвинија дека владејачкото мнозинство прави сценарио за да не се разгледува извештајот на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски.

„Според собранискиот Деловник Извештајот на СЈО може да се разгледува и без присуство на подносителите бидејќи не е општ акт“, вели Горан Сугаревски, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски СДСМ, Шарените и Јанева работат координирано со цел специјалната обвинителка да биде извлечена од обврската да дебатира и поднесува одговорност пред Собранието.

„И покрај безбројните процедурални забелешки од СДСМ, чија цел беше да не се разговара суштински за Извештајот на Катица Јанева, 8 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија поставија вкупно 119 прашања до СЈО, од кои беа одговорени, потенцирам, само 23 прашања, или помалку од 20%. Би сакал да кажам нешто што и вие и јавноста го видиовте дека ниту одговорите на овие прашања не доликуваа на сериозна државна институција. Одговорите беа оскудни, неточни, дисквалификаторни, беа користени префрлања на одговорности и класични лаги. Ова не е транспарентност. Доколку СДСМ и Катица Јанева мислат дека се недопирливи и дека не сносат одговорност, апелираме повторно да си ги препрочитаат Уставот, Деловникот и законите кои ја тангираат работата на оваа институција“, рече Димовски.

Димовски додава дека се додека Јанева не даде отчет и не се извини за обвинувањето дека Собранието е нелегитимно, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициски партнери нема да прифатат разгледување на било какво барање и предлог од страна на СЈО.

Јанева вчера демонстративно ја напушти комисиската расправа жалејќи се дека пратениците со прашањата за нејзината работа и’ вршеле мобинг.

Најчитани вести