Јанева не слушнала дека сопругата на Верушевски му заблагодарила на Заев што го ослободил од притвор

Обвинетите за најтешки дела против државата во случајот „Пуч“, Зоран Заев и Зоран Верушевски, по завршување на денешното рочиште се упатија на заеднички ручек во ресторанот „Ла Тераца“ на скопскиот плоштад, уживајќи во ноншалантноста на Катица Јанева која бара мерки за обезбедување само кон функционери на владејачката партија, пишува „Курир“.

Имено, градоначалникот на Битола Владимир Талевски веќе трет месец, на барање на Јанева се наоѓа во притвор, иако општината плаќала тројно пониска цена на превозот од Општина Струмица со која раководи нејзиниот наредбодавател Зоран Заев.

zorann

За разлика од Талевски, иако предметот „Пуч“ е многу посериозен, а незаконските снимки со кои располага тандемот Верушевски- Заев се препродаваат, објавуваат на интернет и служат за уцени, Катица Јанева не смета дека тие треба да се најдат во притвор.

За Катица Јанева е недоволен и аргументот што еден од инволвираните во скандалот со незаконското прислушување го призна делото и затоа доби спогодбена казна затвор во времетраење од 4 години.

verus-sonja

Врв на апсурдноста беше одговорот на Катица Јанева на новинарско прашање, дека не ја слушнала изјавата сопругата на Верушевски, Соња Верушевска, која јавно му заблагодари на Заев што го ослободила Верушевски од притвор.