Велиновска: Јанева нема капацитет

Во последното издание на емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов во кое гостуваше новинарот и аналитичар Мирка Велиновска, предмет на разговор беше и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

На прашањето на Ефтов дали Јанева може да биде судијата Фалконе во Македонија, Велиновска бурно и со смеење реагираше тврдејќи дека Јанева нема интегритет и капацитет за улогата која ја има.

Жената не знае Перо јаде грав да каже. Не ја гледаш? Не зафркава, на свадба ќе идела, месец дена припреми и требале, после ќе славела Велигден, Бог да чува и да брани. Грев да те фати, рече Велиновска.

На ова Ефтов додаде дека веројатно кога ќе дојде периодот на правење зимници, СЈО нема да функционира бидејќи Јанева повторно ќе биде зафатена.