среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Пресс24: Јанева и денеска не одговара како ги троши парите на граѓаните

Трет ден Специјалното јавно обвинителство не одговара колку пари на месечно ниво државата издвојува за киријата на обвинителката Јанева, пишува „Пресс24“.

janeva

Поврзани вести

Трет ден Специјалното јавно обвинителство не одговара колку пари на месечно ниво државата издвојува за киријата на обвинителката Јанева, пишува „Пресс24“.

Порталот нагласува дека иако анкетниот лист објавен на страната на Антикорупциската комисија открива дека Јанева на име на нејзините деца поседува два стана во главниот град, нема одговор зошто специјалната обвинителка не живее во нив и дали овој имот се издава за остварување на дополнителни приходи.

Инаку, во текот на вчерашниот ден во медиумите беа објавени двете контрадикторни изјави на Јанева – едната испратена до Владата во која тврди дека не поседува имот во Скопје и една дадена на нотар во која вели д ека не поседува стан поголем од 80 метри квадратни.

janeva-1

Врз основа на овие две изјави, Јанева барала да живее во главниот град на сметка на државата. Во ниту една изјава не прецизирала дека поседува два стана од кои едниот се наоѓа спротив клупот на пратеници.

Дополнителен проблем е што самиот акт кој ги утврдува условите за користење илиз акуп на стан со средства од државата никаде не предвидува станот кој ќе се користи да биде поголем од 80 метри квадратни. Напротив, За 5 и повеќе члените семејства предвидено е користење на стан од 55 до 65 метри квадратни.

janeva-2

Како е во светот?

Пресс 24 нагласува дека случајот на Јанева не е единствен во светот но за ваквите скандали бројни функционери заминале од своите функции.

Притоа потсетува на случајот со Мијо Црноја, министерот задолжен за прашањата на бранителите од Хрватска кој поднесе оставка откако беше откриено дека парите кои ги добил од повластениот станбен кредит за хрватски бранители не ги искористил за да направи куќа. Црноја ја излажал државата дека не му е решено станбеното прашање за да го земе кредитот кој им следува на хрватските бранители, иако година дена пред да аплицира за кредитот во наследство добил стан кој не го пријавил.

janeva-3

Црноја во барањето за станбен кредит навел лажна адреса на домување. На наведената адреса, новинарите кои го открија скандалот забележаа дека има само една мала дрвена шупа. Црноја е првиот министер од новата влада на Тихомир Орешковиќ кој поднесе оставка – на функција беше само седум дена.

Не толку одамна оставка од клучната позиција министер за финансии во француската влада поднесе и Херв Гајмар, еден од најблиските соработници на тогашниот претседател Жак Ширак.

janeva-5

Гајмар и неговото семејство живееле во луксузен државен стан со огромна кирија, кој според неговата изјава го прифатил бидејќи доаѓал од скромна фамилија и имал лимитирани месечни примања поради кои не поседувал сопствен имот.

Подоцна Гајмар признал дека дека е сопственик на петособен стан во центарот на Париз кој го изнајмувал под кирија за 2,300 евра месечно. Гајмар пред оставката беше еден од омилените политичари во Франција и потенцијални наследници на Ширак.

janeva-6

Јавноста го памети и случајот за кој се слушна низ целиот Балкан пред речиси 3 години и ден денес се прераскажува како позитивен пример за солидарност и чесност.  Воениот инвалид Дејан Стевановиќ од Чачак го врати станот кој го добил на трајно користење од Заедницата на воени инвалиди во Србија, бидејќи купил нов стан со сопствени средства.

Станот Стевановиќ го добил од Фондот за солидарност во 2001-ва година, а после 12 години користење го вратил назад бидејќи на својата фамилија во меѓувреме и го решил станбеното прашање.

„Мислам дека моја обврска е да го вратам станот, иако ми беше даден на трајно користење. Сметам дека треба да му припадне на некој друг инвалид или на фамилиите на загинатите во војните од деведесеттите“, изјави во таа прилика скромниот воен инвалид од Чачак.

Најчитани вести