четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 2

Јанева почна на дело да ја спроведува политиката „Ќе јадеме живи луѓе“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на дело ја спроведува изјавата и заканата на Зоран Заев - „Ќе јадеме живи луѓе“, пишува „Курир“.

zaev-janeva-1

Поврзани вести

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на дело ја спроведува изјавата и заканата на Зоран Заев – „Ќе јадеме живи луѓе“, пишува „Курир“.

Таа неосновано и незаконски ги избрка од својот тим обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева кои сама ги бараше и предложи. На дрзок начин, без да даде било какво образложение за тоа, Јанева им порача на обвинителките да си одат од каде што се дојдени.

Кадриу во изјава за Канал 5 телевизија вели дека само Јанева знае зошто тие повеќе не се дел од тимот. Работеле редовно, посветено и одговорно, а зошто Јанева донесе ваква незаконска одлука, никој освен неа не може да знае.

Работев редовно, сите задачи, како и другите обвинители што се внатре.  За тоа каде настана проблем, ќе ја прашате Катица Јанева. Таа не рече ништо освен дека не сме дел од тимот. Толку, Ништо не ни објасни. Ние прашавме, ама ништо. Немаше никакви несогласувања до моментот кога ни рече да излеземе од канцеларија и да ги предадеме предметите. Немаше никаква забелешка, ни усмена ни писмена. Ние работевме на предмети, а тие се предадени со записник за примопредавање на колегите.  Советот за тоа викаше од почеток дека се доволни 7 обвинители, а обвинителката мислеше дека требаат повеќе. И се удоволи на нејзино барање, вели Кадриу.

Обвинителката вели дека не е точно дека се вишок и дека само Катица Јанева може да знае зошто таа мисли така.

Само таа знае зошто сме ние вишок или мањак. Тоа таа треба да го каже, зошто носи такви одлуки еднострани и некоректни, несогласни со кодот на однесување на јавните обвинители, заклучи Кадриу во изјавата за Канал 5.

Јанева без никакво решение и постапка отпуштила двајца обвинители

Јанева минатата недела….

Најчитани вести