Јанева почна на дело да ја спроведува политиката „Ќе јадеме живи луѓе“

Јанева минатата недела направила скандал кога на своја рака отпуштила двајца обвинители од нејзиниот тим и од нив побарала да ги вратат предметите на кои работат, да ги испразнат бироата и канцелариите и да се преместат кај полицајците кои ги обезбедуваат просториите на СЈО. Според Законот за Специјалното јавно обвинителство единствено Советот на јавните обвинители е надлежен да именува и да разрешува обвинители во тоа обвинителство. Засега не е познато на кои предмети работеле овие двајца обвинители.

petar-anevski-640x294

Ова го потврди Петар Аневски, претседателот на Советот на јавните обвинители.

Тој соопшти дека минатата среда ги примал обвинителите Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска, кои го информирале дека биле разрешени. Објаснувањето на Јанева било дека поради намален обем на работа немало потреба од нивни ангажман.

Односно, како што посочи Аневски, во понеделникот до Советот пристигнало писмено известување од специјалната јавна обвинителка спротивно на тврдењето на Кадриу и Ѓоревска, дека тие сами побарале да заминат и дека заради намален обем на работа било одлучено овие две обвинителки да се отстранат, истакна Аневски и додаде дека тоа не е во ред.

Тоа не држи и не е во ред. Знаете дека еден месец се расправавме за бројот на обвинители во СЈО. Наш став беше дека се многу, Јанева дека се малку, но еве сега испадна дека навистина биле многу. Тоа што го тврдевме испадна точно, изјави Аневски.

Претседателот по вчерашната седница на Советот на Јавни Обвинители најави дека Советот во врска со ова формирал комисија која ќе ја предводи Сашо Василевски која ќе го испита овој случај по што ќе се донесат заклучоци.

Јанева на дело ја спроведува политиката „Ќе јадеме живи луѓе“

„Курир“ пишува дека Катица Јанева спроведува политика која како најава ја даде лидерот на СДСМ уште пред неколку години кога опишуваше дека кога тие ќе дојдат на власт ќе јадат живи луѓе и ќе бркаат вработени од работа.

Изминатиов период доста се пишуваше за соработката и истите ставови и принципи на работа на Јанева и Заев, но ваквата одлука останува скандалозна и остава отворени многу прашања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.