Јанева пред Советот на јавни обвинители ќе одговара за случајот „Пуч“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска во 12 часот во Советот на јавни обвинители ќе одговара на прашањата на Советот зошто Специјалното јавно обвинителство го повлече обвинението за предметот „Пуч“.

Претседателот на Советот Петар Аневски потврди дека Јанева е повикана по нивно барање да ги образложи причините зошто се откажа од обвинението за „Пуч“.

СЈО го повлече обвинението во јануари, а две недели подоцна Советот ги побара списите за овој предмет, во кој меѓу обвинетите беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.