Јанева продолжува со обидите незаконски, преку политички спектакли да го урива угледот на функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева продолжуваат преку политички спектакли, незаконски да го уриваат угледот на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Порталот „Курир“ пишува дека во недостаток на никакви материјални докази, СЈО преку опозициските медиуми врши јавно оцрнување на фунционери од владејачката партија.

„Курир“ нагласува дека иако истрагата согласно Законот за кривична постапка е тајна, медиумите под контрола на СДСМ – Сорос добиваат информации за сите дејствија кои ги презема СЈО со цел политички да бидат искористени во кампањата на опозицијата.

Имено, градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талевски денеска беше повикан на разговор во СЈО, што е службено дејствие во рамки на истрагата. Иако ова дејствие треба да биде тајно, медиумите под контрола на СДСМ – Сорос поставени веќе го чекаа неговото пристигнување во СЈО. Упатените коментираат дека проценката на СЈО и СДСМ е дека во недостиг на никакви материјални докази против Талевски, треба максимално да се искористи моментот и барем медиумски да се поентира преку негово оцрнување од страна на новинарите кои се на платни списоци на СДСМ – Сорос, се вели во текстот.

Порталот потсетува дека и Законот за кривична постапка е целосно јасен во тој дел. Изричито вели дека и предистражната и истражната постапка се тајни, што само по себе значи дека секое прекршување на тајноста, па дури и да е заради политички потреби на СДСМ е кривично дело.

tajnost tajnost-1

„Курир“ потсетува дека  истите медиуми под контрола на СДСМ – Сорос, завчера објавија информации за други процесни дејствија што ги презема СЈО. Имено, тие објавија дека Катица Јанева поднела барање до хрватските власти за проверка дали градоначалникот Талевски имал имот таму, на што и’ било одговорено негативно.

За разлика од Талевски, според објавената документација за аферата „Тритерол“, Зоран Заев плаќал двојно поскап превоз во Струмица, но досега и Заев и СЈО молчат за овој криминал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.