Сите - Македонија,Македонија

Јанева се избламира во интервјуто за МРТВ

Јанева се избламира во интервјуто за МРТВ

Интервјуто на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева емитувано вечерва во централниот дневник на МРТВ предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Вниманието на јавноста го привлече фактот што Јанева одговарајќи на прашањата читаше од листови хартија.
За колку што е можно да се покрие фактот дека Јанева ги читаше одговорите на прашањата кои очигледно претходно и биле дадени, речиси целото интервју беше покриено со инсерти, па само во мал дел, речиси секунди може да се види Јанева како одговара на прашањата.
cvetin-cilimanov-katica
Покрај преседанот со читање на одговорите Јанева во интервјуто не кажа ништо суштинско и значајно. Немаше одговори за трошењето на парите, кому се’ Специјалното обвинителство плаќа хонорари, зошто Зоран Верушевски е на слобода, а битолскиот градоначалник е притворен и други прашања.
nonkovik-janeva
Инаку, од пред десетина дена на главното уредничко место во МРТВ седи Санта Аргирова кадар предложен од опозициската СДСМ. Партијата која изминатиов период се декларираше како борец за слобода на медиуми. Но, според многумина новинари и медиумски работници вечерашното интервју на Јанева беше пример како опозицијата го замислува новинарството.
janeva-cvetin

 

2janeva-komentari