сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Јанева и СЈО немаат намера кривично да го гонат Заев за криминалот со превозот во Струмица

Порталот Курир побара одговор од СЈО кога ова јавно обвинителство планира да отпочне истрага за обвинувањата за криминални тендери и исплати поврзани со превозот на ученици во општина Струмица.

sjo

Поврзани вести

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство (СЈО) немаат намера кривично да го гонат опозицискиот лидер и струмички градоначалник Зоран Заев за криминалот со превозот во Струмица.

Деновиве од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ беше откриен мега скандалот во кој фирмите на функционер на СДСМ од Струмица склучувале договори со општината, а на нивните сметки се слеале милионски суми.

Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев го обелодени скандалот дека општина Струмица исплаќала двојно поскапи цени по километар од ученик во однос на Битола, порталот Курир  побара одговор од СЈО кога ова јавно обвинителство планира да отпочне истрага за обвинувањата за криминални тендери и исплати поврзани со превозот на ученици во оваа општина.

Во одговорот од СЈО се вели дека ова обвинителство е овластено да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите што е извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, вклучително, но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство пред 15 јули 2015 година.

На прашњето дали веќе СЈО ја има побарано документацијата и има утврдено кој стои зад криминалните исплати и за колку пари е оштетена државата, од СЈО велат:

Во Вашето прашање до нас не е наведено дека постојат сомневања дека се сторени кривични дела кои што се поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите што е извршено во конкретниот период. Јавното обвинителство, во овој момент, нема утврдено поврзаност помеѓу наводите наведени во вашиот допис и доставените аудио снимки и транскрипти од незаконското следење на комуникациите. Доколку од наша страна, а во врска со вашето прашање, биде утврдено дека се сторени кривични дела кои што се во надлежност на ова Јавно обвинителство, ќе бидат преземени сите законски овластувања во насока на кривично гонење.

СЈО досега крајно селективно и пристрасно исклучиво настапува против функционери на ВМРО ДПМНЕ целосно ставајќи се во функција на Зоран Заев и СДСМ.

Најчитани вести